Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина два милиони

by Fokus

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот надмина два милиони, откако страницата за следење на пандемијата „Ворлдметер“, ноќеска прикажа дека досега во светот починале 2.000.223 лица од Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата 93.443.135 лица се заразени со вирусот, а 66.682.010 заздравеле.

Како активни случаи во моментов се водат 24.760.902 случаи, од кои 0,5 проценти од пациентите се наоѓаат во критична состојба.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во САД, каде досега умреле 397.264 лица, по која следуваат Бразил со 207.095 и Индија со 151.954 умрени пациенти.

Од европските земји, највисока стапка на смртност има Обединетото Кралство, каде 86.015 лица ја загубиле битката со коронавирусот, по што следат Италија со 80.848 и Франција со 69.313 смртни случаи.

САД се рангирани на првото место и по бројот на потврдени случаи, од кои досега се регистрирани 23,8 милиони, пред Индија со 10,5 милиони и Бразил со 8,3 милиони заразени.

Поврзани новости