Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 1 милион, а речиси 34 милиони биле заразени

by fokus

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот корона вирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица.

Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови случаи на инфекција со коронавирусот, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Украина денеска пријави уште 4.027 нови случаи на коронавирус, што е најголем раст на нови случаи за еден ден од 26 септември, кога беа регистрирани 3.833 нови случаи. Според официјалните податоци, во земјата се заразени вкупно 208.959 лица, а умреле 4.129, пренесуваат британските медиуми.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 213 нови случаи на инфекција со коронавирус, а има и пет умрени лица, додека бројот на активни случаи е 1.256, соопшти  денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Од 25 февруари во Хрватска се регистрирани 16.593 лица со коронавирус , од кои 280 починале.

Нов рекорден број на пациенти за еден ден е забележан и во Словенија, откако 203 лица се покажаа позитивни на тестирањата за коронавирус, додека едно лице умрело, соопшти здравствените власти. Во Словенија досега се заразени вкупно 5.690 лица, а умреле 150.

Од 842 тестови извршени во последните 24 часа во Албанија Ковид-19 е дијагностициран кај 131 лице. Истовремено умреле уште тројца пациенти. Од почетокот на пандемијата, извршени се 88.040 тестови, добиен е позитивен резултат кај 13.649, а умреле 387.

Втор ден по ред на Косово не се регистрирани жртви на Ковид-19, така што бројот на смртни случаи од коронавирус останува 625. Минатиот месец беа потврдени 46 нови инфекции и 62 лекувања, а од избувнувањето на пандемијата, имало 15.620 лица со утврден вирус, од кои 13.554 го преживеале заболувањето.

Во Грција се регистрирани 354 нови случаи на Ковид-19 и три смртни случаи од коронавирусот. Бројот на заразени се зголеми на 18.475, а на починати на 391 лице.

Поврзани новости