Бројни неправилности на гласачките места

by Фокус 16:55
16:55

При гласањето на болните лица, во повеќе случаи прекршена е тајноста на гласањето. Во затворот Идризово вршени се притисоци врз затворениците да гласаат за една партија. Во геријатриските установи, болните се уценувани и им е вршен притисок да гласаат за одредена партија, под закана дека ќе им биде ускратено правото на престој. Ова се само дел од нерегуларностите и бројните злоупотреби што го одбележаа гласањето за парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори, алармираше една од политичките партии.

– Во овие случаи направени се повреди на членот 160 од Кривичниот законик, којшто содржи гаранции за слободата на определување на избирачите. Во текот на вчерашниот ден прекршен е и предизборниот молк во повеќе општини во Македонија, како што се Кисела Вода, Аеродром, Куманово, Гостивар, Богданци, Крива Паланка. Исто така, во текот на вчерашниот ден двајца високи државни функционери ги објавиле резултатите од гласање на дијаспората, што е спротивно на одредби на Изборниот Законик – велат од партијата.

- Advertising -

Според нивните тврдења, во текот на вчерашниот ден, за време на гласањето на дијаспората, забележани се случаи на бугарски воз на избирачкото место 5017 во Рим. На член на избирачкиот одбор таму, не му било дозволено да ги внесе неправилностите во Дневникот за евиденција и во Записникот, поради што тој не го потпишал Записникот.  Од партијата тврдат дека неправилностите на ова избирачко место кулминирале со интервенција на италијанската полиција.

Од една од политичките партии истакнаа дека во текот на вчерашниот ден, регистрирани се случаи на уцени, поткуп, притисоци врз избирачи, што продолжија и денеска.

– Грубо е прекршен членот 160 од Кривичниот законик, со вршење притисок врз вработени во администрацијата да гласаат за одредена партија. Уценувани се лица приматели на социјална помош, приматели на надомест за трето дете, приматели на надомест за нега од друго лице. Забележани се притисоци врз вработени во државни фирми, вработени во администрацијата во повеќе градови. Во Штип, на избирачките места 2269 и 2271 забележан е притисок врз гласачи. На сопственици на приватни фирми, кои не се членови и симпатизери на таа партија испраќани им се писма со закана и забрана, тие и нивните семејства да излезат на гласање. Такви се неколку случаи во Источна Македонија – тврдат од партијата.

Според нивните информации, забележано е семејно гласање и гласање во име на друг, регистрирано во Радовиш, каде што едно лице гласало во име на 30 избирачи, како и групно гласање во Гостивар, Пласница, Брвеница, Тетово, Битола, Чешиново-Облешево, Кочани, Куманово, Бутел. Исто така, како што тврдат, во Македонски Брод во избирачкото место во село Ковач, едно лице кинело по три ливчиња од двата кочана, ставило печат, гласало за одредена партија и ги ставило во кутијата.

Освен тоа, забележано е агитирање пред повеке избирачки места во Кисела Вода , Штип, Смоларе, Демир Капија, Теарце, Гази Баба, Берово, Делчево и други. Во некои од овие случаи агитирале службени лица, користејки службени возила и службени легитимации.

– Добивме укажувања од голем број граѓани дека мастилото што се користи, се брише со обично влажно марамче, што ја става под знак прашање главната заштитна мерка која гарантира „еден човек-еден глас„. Добивме потврда дека лица кои фигурираат на список за гласање за едните избори во Тирана и таму гласаа вчера, денеска гласаа за другите избори во Ресен. Фантомски гласачи од Пустец и Гора на овие избори се забележани не само во Центар и Ресен туку и во Аеродром, Кисела Вода и Бутел, каде што организирано, со возила се носени на гласање. На истите, претходно им биле делени фотографирани гласачки ливчиња со заокружен број на ливчето за парламентарни избори и број  за претседателските избори. Еден од нив се обидел повторно да гласа, иако имал видливо мастило на обата палци – велат од партијата.

Според нив, во општина Аеродром гласале и лица во чии лични карти како адреса на живеење стојат адреси на службени објекти, каде што нема  простор за живеење. Тие покажаа и ваучер од 500 денари кои биле давани во Виница, со печат од една партија

 

 

Поврзани новости