Број на загинати во Џенова се искачи на 42 – Италија прогласи ден на жалост

by Fokus

Бројката на загинати во несреќата во Џенова се искачи на 42-ца. Италијанската државна телевизија јави дека последното пронајдено тело е на 30-годишен маж, кој се смета дека е последен од лицата кои се сметаа за исчезнати во несреќата.

Околу 3.000 луѓе денеска во Џенова присуствуваа на закопот на 18 од загинатите во уривањето на мостот Моранди, додека на другата страна од градот од урнатините во текот на ноќта се извадени уште четири тела меѓу кои и едно 9-годишно девојче и нејзините родители кои беа пронајдени во здробен автомобил под бетонски блок.

Загинатите во уривањето на надвозникот во Џенова, беа погребани во тој италијански град во присуство на највисоки државни функционери и бројни граѓани. Претседателот на Италија Серџо Матарела кратко поразговара со членовите на семејствата на жртвите, а присутни на погребот беа и премиерот Џузепе Конте, лидерите на владејачките партии, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, како и повеќе министри.

Семејствата на некои од жртвите одлучија да не учествуваат на церемонијата Некои од нив наведоа дека сакаат да ги погребаат своите најблиски во поинтимна атмосфера, додека пак други наведоа дека ја бојкотираат церемонијата. таткото на една од жртвите, истакна дека неговиот син е „убиен“ и за одговорна ја означи државата.

Поврзани новости