Бродот на радоста ќе биде закотвен во Зоолошката градина во Скопје

by fokus

Голем околу 10 метри и широк околу пет метри ќе биде поставен „Бродот на радоста“ во Зоолошката градина.

„Обично бродовите асоцираат на разделба, заминување. Овој брод ќе се вика бродот на радоста, бидејќи никогаш нема да отплови. Поставен до езерото, со вистински јарболи, лизгалки и играчки, на него бесплатно ќе си играат деца“, велат од Зоолошка градина Скопје.

Бродот ќе биде донација од една од фирмите спонзори на Зоолошката градина во главниот град.

Поврзани новости