Брнс се надева дека ќе остане амбасадор и по доаѓањето на Бајден

by Фокус

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Бирнс, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат изрази надеж дека и по доаѓањето на власт на новоизбраниот претседател, Џо Бајден, ќе продолжи да ја извршува својата дипломатска функција во земјава.

-Моја надеж и чест е да продолжам со службата во Северна Македонија, ова е најдобрата задача којашто сум ја имала во животот, најголемата чест и се надевам дека ќе ми биде дозволено да продолжам да ја извршувам. Мислам дека во 2021 година ќе има многу можности. Ќе има големи предизвици, но и можности. Се надевам дека тука можам да напредувам, во смисла на користењето на нашето стратешко партнерство, за добро на граѓаните од двете земји – рече Бирнс.

Поврзани новости