Брнабиќ утре доаѓа во Скопје

by fokus

Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ утре ќе ја посети Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски.

По средбата, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, што ќе се одржи во рамки на Самитот „Македонија 2025“

Поврзани новости