Британските лекари: Индискиот сој е најопасен и заразен

by Fokus 10:50
10:50

Британските лекари го идентификуваа индискиот сој на новиот коронавирус како најопасен и заразен, покажува студијата објавена во „Лансет“.

Специјалисти анализираа случаи на пациенти во Шкотска помеѓу 1 април и 28 мај оваа година. Кај 99 отсто од нив е извршен целосен преглед на текот на болеста. За време на разгледуваниот период, регистрирани се 19.543 потврдени случаи на вирусот.

- Advertisements -

Врз основа на добиените податоци, истражувачите заклучуваат дека ризикот од хоспитализација кај пациенти со индиски сој на Ковид-19 е двојно поголем отколку британскиот.

Лекарите исто така забележуваат дека ризикот од хоспитализација е значително поголем кај пациенти кои имаат пет или повеќе други заболувања.

Истражувањата покажуваат дека вакцинацијата е сигурен начин да се намали ризикот од инфекција, иако Астра Зенека и Фајзер се помалку ефикасни против индиската верзија отколку британскиот сој. Сепак, лекарите наведуваат дека немаат доволно податоци за хоспитализирани пациенти со новиот коронавирус за да ги споредат вакцините.

Поврзани новости