Џонсон под притисок, министри ја напуштаат владата

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон се бори да опстане на функцијата откако владата ја напуштија низа министри, а расте и незадоволството во Конзервативната партија. На денешните пратенички прашања во парламентот, Џонсон кажа дека има огромен мандат од изборите во 2019 и е решен да продолжи.

Новата политичка криза во Британија почна со вчерашните шокантни оставки на министрите за финансии и здравство, кои кажаа дека веќе не сакаат да бидат дел од оваа влада обремената со скандали, а денеска нивниот пример го следеа и други министри, владини функционери и соработници, чија бројка секој час станува сè поголема.

Џонсон ги отфрли сомнежите дека нема да може да ги замени министрите кои дадоа оставка, тврдејќи дека има мноштво талентиран кадар во партијата.

„Луѓето веројатно не би сакале избори сега“, кажа Џонсон во парламентот.

Поврзани новости