Британскиот Парламент го одложи гласањето за Брегзит

by Fokus

Британскиот Парламент денеска одлучи да го одложи изјаснувањето за новиот договор за Брегзит, што беше постигнат помеѓу Лондон и Брисел.

За одлуката за пролонгирање на гласањето се изјаснија 322 пратеници, додека 306 беа против.

Таквата одлука би можела да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново пролонгирање на датумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија.

Поврзани новости