Британскиот Парламент го одби предлогот на Џонсон за предвремени избори

by fokus

Британскиот Парламент вечерва го одби предлогот на премиерот Борис Џонсон на 12 декември да се одржат предвремени избори.

Предлогот на Џонсон не го доби неопходното двотретинско мнозинство. „За“ предлогот гласаа само 299 пратеници.

Џонсон најави дека повторно ќе се обиде во Парламентот да обезбеди одржување на избори во декември, со поднесување на предлог закон за кој е потребно просто мнозинство.

Европска Унија претходно прифати одложување на Брегзит најдоцна до 31 јануари.

Поврзани новости