Британски милијардер донираше еден милион фунти за изборната кампања на Џонсон

by Fokus 10:35
10:35

Питер Харгривс, еден од најбогатите луѓе во Велика Британија и вториот најдарежлив донатор за кампањата за излез од ЕУ во 2016 година, му донираше еден милион фунти на британскиот премиер Борис Џонсон за претстојните парламентарни избори, кои ќе се одржат следната недела.

Харгривс, кој е основач на компанијата за финансиски услуги „Харгривс Лансдаун“, изјави дека стравува од можноста Обединетото кралство да остане во ЕУ.

– Избирачите гласаа да излеземе, да излеземе целосно. На референдумот не стануваше збор за дом за времен престој. Луѓето беа прашани дали сакаат да останат или да заминат, а тие гласаа да заминат, истакна 73-годишниот милијардер.

- Advertising -

Харгривс донираше иако минатата година го нарече Џонсон „палјачо“.

Џонсон се надева дека ќе победи на изборите на 12 декември, со цел да го спроведе договорот за Брегзит, кој го склучи со ЕУ.

Поврзани новости