Британска телевизија во Велес сними репортажа за тинејџерите кои објавуваа лажни вести за Трамп

by fokus

Репортер на британската телевизија „Канал 4“ дојде во Велес за да ги бара тинејџерите кои на свои сајтови објавуваа лажни вести во корист на Доналд Трамп. Тинејџерите не сакале да зборуваат пред камера, но новинарот дознал дека заработката стигнала и до 200.000 евра, а кажале дека тоа го правеле за пари и за забава.

Американските медиуми пишуваа дека токму овие лажни вести придонеле за поразот на Хилари Клинтон и влијаеле врз мислењето на американските гласачи.

Британската репортажа за влијателните тинејџери од Велес можете да ја погледнете на овој линк.

Поврзани новости