Британија се подготвува за евентуална епидемија од новиот коронавирус

by Fokus 10:03
10:03

На британските болници им е наредено да преземат нови мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус, бидејќи експертите предупредуваат дека постои „реална можност“ да заболат до 50 отсто од Британците, објави Тајмс.

Здравствените власти планираат да користат 24 болници за лекување на пациенти во случај на зголемен број случаи на заразени со тој вирус. Тие исто така можат да ги прошират услугите на итниот телефонски број за да се справат со зголемен број повици.

- Advertisements -

Детали за планирањето на вонредни ситуации се појавија откако синоќа од СЗО повикаа владите да ги зголемат напорите и да ја засилат својата подготвеност. Владата во Лондон, според весникот, работи врз анализи дека до половина од населението – или 33 ммилиони луѓе – може да бидат погодени со вирусот Ковид-19.

Поврзани новости