Брглез: Расколот меѓу истокот и западот го забавува членството на Македонија во ЕУ

by fokus

Република Словенија го поддржува патотот на Република Македонија во евроаталнските интеграции, но за жал постојат чинители кои ги забавуваат тие процеси, порача претседател на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез, кој денеска се обрати пред пратениците во Собранието.

-Клучен фактор во збаавувањето на процесите е расколот во ЕУ помеѓу исток и запад. Тоа е потенијално побитно од излегувањето на Велика Брианија од ЕУ. Иднината на ЕУ е она за што во овој миг во рамки на Европа треба да се дискутира, а таа иднина ја вклучува и Република Македонија – рече тој.

На Македонија и порача дека е неопходно во овој момент да направи похрабар чекор во правецот на ЕУ интеграциите.

Брглез рече дека односите меѓу двете земји се пријателски и добри, но дека постојат можности за нивно подобрување, осовено на економски план.

-Меѓу двете земји нема отворени прашања, а и кога сме ги имале се решавале брзо и конструктивно. Но Република Македонија и Република Словенија имаат отворени прашања со своите соседи. Заедничка особина ни е поделеноста во општеството на два пола. Но за мене е важно тоа што без оглед што сме различни во едно општество, треба да работиме за заедничко добро за сите граѓани. Нашите разлики не смеат да бидат препрека, туку можат да бидат предност – порача тој.

Поврзани новости