Бремена жена од Макдонски Брод се породи во возило на Брза помош

by fokus

Бремена жена од Самоков, утрото на 2 мај се породила во болничко комбе на патот кон Прилеп, каде одела на породување.

-Во понеделникот рано наутро околу 04:20 часот примен е повик од Самоков за да се транспортира бремена жена со породилни болки до Прилеп. Но по сместувањето во болничкото комбе жената добила силни породилни болки и породувањето било неминовно да се изврши во самото комбе. Поради овие симптоми со асистенција на докторот Александар Ристески и сестрата Елена Иваноски породувањето е успешно извршено, а мајката Мирјана на свет го донела своето четврто дете, ќерката Ева и наместо со родилка, за Прилеп се упатиле персоналот од првата помош и мајка со новороденче, истакна директорот Симески и појасни дека и новороденчето и мајката се во добра здраствена состојба и вчера се пуштени дома.

Поврзани новости