Бремена штипјанка во опасност доколку го смени инсулинот

by Фокус

Асоцијацијата за детски дијабет „Баланс МК“ предупредува дека штипјанка која се наоѓа во петти месец на бременост има итна потреба од инсулините „новорапид“ и „левемир“, бидејќи доколку не ги добие овие два инсулина или пак ја промени терапијата со други видови инсулин ќе го стави во животна опасност и сопственото, но и здравјето на бебето кое го носи.

– Апелираме до сите институции и организации кои на еден, односно друг начин, се директно инволвирани во инсулинската криза во државата, а посебно до Министерството за здравство, согласно законските прописи, да овозможи постапка за донација на овие видови инсулини, без оглед што истите, за жал, повеќе не се предмет на интерес на македонското здравство и со тоа да се превенираат било какви штети по нејзиното здравје и здравјето на бебенцето – потенцираат од здружението.

Оттаму велат дека евидентирале повеќе барање пред сѐ од родители на деца со дијабет тип 1 коишто исто така бараат дополнителни количества од инсулините „новорапид“ и „левемир“.

– Апелираме до Министерството за здравство преку своите механизми да овозможи истите тие да дојдат во рацете на оние на кои им се најпотребни – односно како на возрасните така и на децата со дијабет тип 1 – повикува „Баланс мк“.

Поврзани новости