Бредли Купер откри дека бил зависник: Бев толку изгубен…

by Fokus

Актерот Бредли Купер призна дека бил зависник од кокаин и алкохол пред да стане светски познат по неговата улога во филмот „The Hangover“.

Купер беше гостин во подкастот „Smartless“, а разговорот го водеа Џејсон БејтманВил Арнет и Шон Хејс. Тој откри дека сфатил дека има „проблем со дрога и алкохол“. Сè започнало кога Купер почнал да ги добива своите први улоги по дипломирањето на „Actors Studio Drama School“ во Њујорк, САД.

„Бев толку изгубен… Бев зависник од кокаин. Тоа се случи веднаш откако дадов отказ или ме отпуштија од серијата „Alias“, рече актерот, додавајќи дека се борел со „недостаток на самодоверба“.

Поврзани новости