Бред Пит: Луѓето мислат дека сум арогантен, а јас сум болен

by Fokus 14:50
14:50

Актерот Бред Пит за првпат реши да прозбори за битката со ретко невролошко нарушување и призна дека никој не му верува кога зборува за тоа.

Во интервју за магазинот GQ, Пит откри дека луѓето мислат дека е арогантен бидејќи има проблеми со препознавање и помнење лица.

-Никој не ми верува! Сакам да запознаам други кои го имаат ова нарушување. Многу луѓе мислат дека сум арогантен и не ми веруваат, рече тој.

Актерот страда од прозопагнозија, а многу луѓе со оваа состојба не можат ни да ги препознаат членовите на семејството, партнерите или пријателите, па се справуваат со тоа користејќи алтернативни начини за препознавање на луѓето, како што се сеќавање на начинот на кој одат, нивната фризура, глас или облека.

Иако на Бред официјално не му е дијагностицирана оваа болест, тој долго време верува дека ја има и призна дека е загрижен што тоа ги тера луѓето да мислат дека се оддалечува од нив или е социјално повлечен.

Поврзани новости