Бразил : Се повеќе помлади од 40 години поради Ковид-19 на интензивна нега

by Fokus

Кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 во Бразил, се повеќе ги погодува младите, покажуваат податоците од болниците собрани минатиот месец, според кои повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 40 години.

Извештајот е објавен од бразилската Асоцијација за интензивна нега и се базира на податоци од повеќе од една третина од одделите за интензивна нега во државата, кои бележат голем пораст на бројот на пациенти кај помладата популација на кои им треба интензивна нега.

За првпат од избувнувањето на пандемијата во Бразил, 52 проценти од капацитетот за интензивна нега се пополнети од пациенти помлади од 40 години. Повеќе од 82.000 нови случаи на заразени со Ковид-19 се регистрирани вчера во Бразил, со што вкупниот број достигна 13,5 милиони.

Бразил е трета земја во светот според бројот на заразени и втора според бројот на смртни случаи од последиците од инфекција со коронавирусот.

 

Поврзани новости