Братот на Атина Бојаџи: Марко ни одржа спортска лекција, ни покажа како да се користи Охридско Езеро

by fokus

Низа честитки и пофалби пристигнуваат на адресата на Марко Пејчиноски, кој во текот на вчерашниот ден го преплива Охридското Езеро на само 12-годишна возраст.

Охрабрувачки зборови на Марко му даде и братот на легендарната македонска пливачка, Атина Бојаџи, Димитар Дики.

„Ова дете ни одржа спортска лекција на сите и ни покажа како треба да се користи езерото. Наназад педесет години никој охриѓанец не го препливал Охридското езеро, затоа треба да се слави името на Марко. Честитки до детето и фамилијата која сигурно му била најголема поддршка“ – рече Бојаџи за „Охридњуз“.

ФОТО – ОХРИДЊУЗ

Поврзани новости