Братот го нападнал со секира и му ја повредил главата

by Fokus

Во полицијата е пријавено дека брат го нападнал со секира 30-годишниот Т.С. и му ја повредил главата, информираат од МВР.

Според информации од полицијата, вчера во 09,00 часот случаен минувач, пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје имало машко лице кој имал повреда на главата и обилно крварел. Констатирано е дека се работи за Т.С.(30) с.Долно Соње-Скопје кај кого се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на череп) и бил пренесен во Ургентен центар-Мајка Тереза за укажување на лекарска помош. По кажување на повредениот, повредите ги здобил од брат му кој го удрил со тапиот дел од секирата. Предметот е пронајден во нивната семејна куќа.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости