Брат Љубе го поддржа договорот со Грција: Со придавката северна нема да се изгуби идентитетот

by fokus

Претседателството на Обединети за Македонија на својата синоќешна седница расправаше и го поддржа договорот за надминување на спорот со името. Оценка на Претседателството е и да се даде можност за подобра иднина на младата популација и на генерациите кои доаѓаат, преку создавање предуслови за прием на нашата земја во евроатланските интеграции, соопштуваат од партијата „Обединети за Македонија“, на Љубе Бошкоски.

Како што велат од таму, став на претседателството е дека со придавката северна нема да се изгуби идентитетот на државата, ниту другите суштевствени определби.

-Тие не се загрозени – ниту се менуваат. Обединети за Македонија внимателно ќе го следат реализирањето на договорот и со своето делување ќе придонесуваат кон неговото остварување во духот на темелните партиски определби согласно кои утре навистина ќе станеме рамноправна членка на ЕУ и НАТО. Обединети за Македонија ги повикува граѓаните, особено младите, да излезат на реферндум и да го дадат својот глас за европската иднина на нашата земја. Одложуваната иднина треба конечно да стане минато“, стои во соопштението.

Поврзани новости