Бранко се врати! Вистина се врати!

by Фокус 13:47
13:47

City MallПо препознатливите К-15, учеството во филмските изданија на „Балкан кан“ и „Како лош сон“, Бранко Огњановски со нова телевизиска улога. „Фчерашни новости“ е неговиот нов професионален предизвик.

Стартуваше на Телевизија Телма, а на воодушевување на публиката го реинкарнираше ликот на Миле Паника.

- Advertisements -

Огњановски ја почитува слободата, желен е секој човек да го живее и да го креира сопствениот избор, посакува хуморот повторно да се вклучи во нашето секојдневие.

Близнаците велат дека имаат брз и бистар ум, постојано на трага на нови информации,  па токму тој беше предизвикот, кој го тестиравме денес во дружењето во Скопје Сити Мол. Играта со зборови ја почнавме во СинеплексMile Panika 01Минатиот викенд, веднаш по вестите на Телевизија Телма почна со емитување на проектот „Фчерашни новости“. Паралелно со Телма, емисиите од овој циклус ќе се емитуваат на уште 24 локални телевизии низ Македонија, а линк од секоја емисија ќе биде поставен и на интернет.

ФОКУС: „Фчерашни новости“, и покрај жичката што ја има со К-15, сепак не е К-15. К-15 им недостасуваше на многу гледачи. Првичните реакции на гледачите за вашиот нов проект, сепак, одат позитивно на контото на Тошо Малерот и на Миле Паника. Според нивните импресии, тие се клучот на успехот на новиот проект. Какви се вашите впечатоци?

ОГЊАНОВСКИ: Фчерашни новости“ и е комплетно нов проект, кој во основа е пародија на вестите и целиот концепт на емисијата се базира на форматот на дневните телевизиски вести. Така што, вака поставени „Фчерашни новости“ се разликуваат од она на што е навикната публиката кога ќе се спомене К-15. Сепак, некои од ликовите на К-15 ќе се појавуваат и во новиот концепт, во оние делови кога „имаат да кажат нешто паметно“, а тоа да изгледа доволно глупаво.Mile Panika 10ФОКУС: Зошто токму „Фчерашни новости“? Дали можеби со тоа порачувате дека вестите во Македонија веќе одамна не се вести?

ОГЊАНОВСКИ: Луѓето на телевизија повеќепати во денот, гледајќи вести, слушаат „Денес во вестите ќе гледате“, „Гледајте ги најновите вести од земјата и светот“, „Први дознаваме“ и слично. Затоа ние решивме да бидеме чекор зад сите и последни да дознаваме, зашто кој последен дознава, најслатко се смее.

ФОКУС: Многумина забележуваат дека форматот „вести“ потсетува на „Контравести“. Ви пречи ли ваквата констатација?

ОГЊАНОВСКИ: Не би се сложил со вас. Напротив, форматот е многу различен. За разлика од „Контравести“ (кои воопшто не беа во формат на вести), каде што имаше еден водител кој ги коментира настаните, во „Фчерашни“ прилозите и настаните се снимени на терен и се во играна форма, или се обработени како класични прилози за вести. Иако на двете емисии основата им е сатира, концепциски се сосема различни една од друга и на поинаков начин ги обработуваат темите.Mile Panika 02Додека ја баравме следната филмска проекција во Синеплекс, направивме пауза за кафе. Го густиравме во првиот „бутик“ боулинг во Македонија – Bo Bowling.

ФОКУС: Се појавувате во момент кога Македонија ја губи смислата за хумор. Каква е вашата прогноза? Дали сме заглавени во време во кое насмевките стануваат дефицитарни?

ОГЊАНОВСКИ: Во вакви турбулентни времиња сатирата и хуморот се најпотребни и тие стануваат еден од најважните аларми на општествените (не)прилики. Не мислам дека Македонија ја губи смислата за хумор, едноставно сите се преокупирани со моменталната состојба и тоа е нормално, и ние сме, затоа и решивме истата да ја коментираме низ призмата на хумор и сатира.

Инаку, хуморот никогаш не се губи. Хуморот колку и да го задушувате, колку и да го попречувате неговото појавување на телевизија, тој секогаш наоѓа алтернативни начини да дојде до публиката. Додека го немаше на ТВ, тој беше (и сѐ уште е) многу присутен во дигиталните медиуми и по социјалните мрежи.

Јас го отворив и сѐ уште го работам порталот „Паника.бе“, кој е полн со забавни и лесни содржини. Нормално, хуморот тука е во сосема друг формат, кој е прилагоден за таков тип медиуми. Сепак, враќањето на емисии од ваков тип на телевизија дава можност за многу полесен пристап до поголема и до пошарена публика.

ФОКУС: Има ли Македонија потреба од повеќе сатирични емисии?

ОГЊАНОВСКИ: Да, има апсолутно. Ме радува тоа што во последно време почнаа да се пишуваат и да се снимаат неколку серии во македонска продукција, кои очекувам наскоро да ги видиме на телевизиите. Се надевам дека во иднина ќе се создадат подобри услови за да има уште повеќе ТВ емисии од домашна продукција.Mile Panika 06ФОКУС: „Фчерашни новости“ како екипа, покрај поддршката на тимот на К-15, има и нови „дечки“ моќни на социјалните медиуми. Дали ова е смислено, сечено и лепено сценарио?

ОГЊАНОВСКИ: Да, секое сценарио тимски го смислуваме, прво на ниво на идеја, па потоа детално го пишуваме, одиме на терен и снимаме. Сечеме, сѐ што е непотребно и потоа во монтажа го лепиме. Тоа е процесот, навидум изгледа комплициран, ама со оваа екипа тоа некако баш лесно оди.

Моќните дечки од социјалните медиуми, како што ги викате, се интелигентни и бистри млади луѓе на кои мозокот им работи 300 на час. Тоа во комбинација со искусни професионалци, кои знаат тие идеи да ги визуализираат и да им дадат телевизиски израз, прави „Фчерашни новости“ да изгледа така и да биде прифатено од пошироката публика.Mile Panika 07ФОКУС: Политиката стана најмоќниот инструмент денес. За вас, ова ќе биде главниот мотив?

ОГЊАНОВСКИ: Со оглед на тоа што форматот на емисијата е пародија на вести, а во вестите главните теми се политички, сигурно е дека политичката сатира ќе биде дел и од „Фчерашни“. Но секако, ќе бидат третирани и сите други области од секојдневното живеење. Ќе се третираат теми од културата, економијата, земјоделството, спортот, естрадата итн, нормално на сатиричен начин.

ФОКУС: На избори како „Фчерашни новости“, нема да се борите?

ОГЊАНОВСКИ: Ќе се бориме како и досега да имаме што поголема гледаност. Тоа нема да биде лесно зашто конкуренцијата со политичарите ни е многу голема. Некогаш е многу тешко да се направи пародија на политичарите и на тоа како тие ја практикуваат политиката. Бидејќи тие ни се мешаат нас во работата, можеби е време и комичарите да почнат сериозно да се занимаваат со политика.Mile Panika 03Поради велигденските празнувања, Скопје Сити Мол е претворен во велигденски свет. Велигденски декорации, автентична фарма со езерце со патки и други домашни миленичиња, кои им стојат на располагање на сите дечиња расположени за дружење.

Сите се фотографираа, па и ние не отстапивме.

Бранко е роден на 11 јуни, годината решивме да ја прескокнеме. Нумеролозите за родените на 11 велат дека се тактичари, секогаш подготвени за договор и за соработка. Во бизнисот се водат од интуицијата.

Важат за уметнички надарени и креативни. Можат да бидат пречувствителни и лесно навредливи. Астролозите родените во знакот на Близнаци ги карактеризираат како личности со брз и бистар ум, постојано на трга на нови информации.

Не сакаат да бидат затворени дома, а најуспешни се во професии, како глума, новинарство, право, политика, односи со јавност… Што од ова пронајдовме кај Бранко?Mile Panika 09ФОКУС: Кој е всушност Бранко Огњановски? Што сака да слуша, гледа и чита?

ОГЊАНОВСКИ: Бранко, всушност, е еден сосема обичен човек, кој се труди на својата фамилија да ѝ овозможи нормални услови за живеење во ова ненормално време. Во слободно време сака да слуша забавни мелодии од наши исполнители, има свој личен лаптоп (сив), има и имејл, значи технички е заокружен. Често виси на интернет и обожава да чита етикети од шампони додека е по нужда. Последно нешто што му оставило впечаток е етикетата од еден брезов шампон против првут.

ФОКУС: Колку често претходно ве препознаваа како Миле Паника?

ОГЊАНОВСКИ: Миле Паника е тој што во изминатите 20 години преку ТВ екраните беше гостин во сите домови и всушност тој е ликот што тие го препознаваат и го сакаат. Морам да признаам дека малку се разочарани од Бранко бидејќи очекуваат тој да биде Миле Паника и во секојдневниот живот, но тоа им е.Mile Panika 05ФОКУС: Ви тежи ли товарот на тој лик, сега пред новиот предизвик?

ОГЊАНОВСКИ: Не ми тежи, Миле Паника ќе ме следи цел живот и од него нема бегање. Миле, Тошо и Цацко како ликови се длабоко врежани во цели генерации што се растени со К-15. Луѓето ги сакаат и повременото појавување на некои од тие ликови во „Фчерашни“ само ќе помогне емисијата побргу да добие на популарност.

ФОКУС: Кои нешта успеавте да ги совладате по 20 години борба во македонскиот етер?

ОГЊАНОВСКИ: Борбата со етерот е вечна борба. Тешко се живее од стара слава. Велат, добар си толку колку што е добра последната работа што си ја направил. Според ова, по К-15, најдобро е ништо да не работам на тој план. Но, сепак, јас го прифатив предизвикот и верувам дека „Фчерашни новости“ ќе си најде свое место и ќе биде расадник за млади таленти кои допрва ќе остават белег во македонскиот ТВ простор.Mile Panika 08ФОКУС: Имате миленик, прекрасно куче. Кои нешта би ги смениле за сите што имаат домашни миленици, благодарение на вашиот телевизиски проект?

ОГЊАНОВСКИ: Имам куче француски булдог, се вика Батка (погодете кој му го даде името) и е многу добро и воспитано кутре. На сите им вика добар ден, како сте, дојди да те помирисам и слично. Сака да си игра со секого, весел е и мрзлив.

Не знам што би можел да сменам за тие што имаат миленици. Евентуално да се залагам за тоа да можат и кучињата да се кандидираат за во парламент, затоа што се многу поверни, поискрени и подобро ќе ги застапуваат тие што ги гласале од тие што сега се во парламент.

ФОКУС: Каква е вашата сатирична прогноза за 2016?

ОГЊАНОВСКИ: Тешко дека од „Фчерашни“ можете да добиете точна прогноза за иднината, затоа што ние последни дознаваме. Ние се занимаваме со минатото и затоа можам само да ви прогнозирам што се случило во изминатата недела, нормално на сатиричен начин. Прогнозата гледајте ја на „Фчерашни новости“ в недела, во 19.10 часот на Телма.Mile Panika 04За крај, одлучивме да го погледнеме „Смртоносни игри“ зад затворени врати во Синеплекс.

Поврзани новости