Бранителот Граороски: Квазибранителот Тарчуловски нека дојде на ТВ дуел со мене

by fokus

Бранителот од 2001 година, Зоран Граороски, во отворено писмо објавено на сајтот Поглед, го повика Јохан Тарчуловски на ТВ дуел и го нараче квазибранител и дволичен.

„Ги замолувам бранителите од 2001 год да не се потценуваат самите себеси и очекувам тие јавно да проговорат. Јас како бранител сакам јавно да ги осудам лажните и дволични луѓе како Јохан Тарчулоски. Секогаш кога ке извршивме смена која траеше 10 дена во тетовскиот регион( селата Ратае, Требош, Јегуновце) ние се повлекувавме немиени, небричени и не личевме на луѓе. Имавме прилика да појдеме на Водно за да подигнеме пари кои ги земавме лично  преку чекови од просториите во МВР. Таму можеше да се види квазибранителот Јохан Тарчулоски кој се шеташе како паун во кабинетот на претседателот Борис Трајковски. Јохан е само слуга на криминалот и учесник на пустошењето на Македонија во таборот на Грујо и србоудбашите. Јас Зоран Граороски, пред оддржувањето на вториот круг од локалните избори, го повикувам Јохан Тарчуловски на тв дуел на било кој медиум“, напиша Граороски.

Поврзани новости