Браќа го пронашле таткото мртов, откако заминал да лови риба

by Фокус

Двајца браќа од Неготино вчера го пронашле нивниот татко починат откако заминал да лови риба на реката Вардар, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

По овластување на дежурен Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Неготино, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино.

По извршениот увид било констатирано дека нема траги на насилство над мртвото тело и по наредба на Јавниот обвинител, истото било предадено на семејството.

Поврзани новости