Божо го откажа концертот во Скопје

by Фокус

Популарниот босански музичар Божо Вреќо (39), познат во регионот како принцот на севдахот, нема да настапи во Скопје на први ноември. Неговиот концерт кој требаше да се одржи во Филхармонијата бил откажан поради технички причини, известија организаторите ,,Чујте и почујте”.

Информираат дека сите кои купиле влезници за настанот, може да ги вратат на местата од каде се купени, а дополнително ќе бил објавен нов датум за одржување на концертот. Концертите на Вреќо од музичките критичари најчесто се опишани како уникатно доживување, на кое уметникот со својот глас доловува најдлабоки емоции кај публиката.

За него ,,Њујорк Тајмс” напиша дека е човек со ангелски глас. Првиот албум го сними пред девет години, а неговата музичка кариера започнала кога имал 27 години, кога локален музичар во кафуле во Сараево го повикал на сцената да запее со него.

Во повеќе интервјуа, за себе вели дека е и маж и жена, дека е слободна личност и дека нема да го крие својот вистински лик.

Вики Клинчарова

Поврзани новости