Божиновски е пренесен во Шутка

by Фокус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска одговарајќи на новинарско прашање потврди дека новинарот Зоран Божиновски вчера попладне е екстрадиран во земјава.

-Вчера добивме информација од Интерпол дека Божиновски ќе биде екстрадиран во земјава. Наша екипа го презеде од границата и го пренесе до Истражниот затвор во Скопје. Тоа е нашиот дел од работата. Останатото треба да го заврши министерството за правда и другите органи, рече Спасовски.

Поврзани новости