Божиновска тврди дека говорот бил изваден од контекст: Реков вечер на ножевите, а не на долгите ножеви

by fokus

Мојот говор е изваден од контекст, јас никаде не велам вечер на долгите ножеви, туку вечер на ножевите, коментира за „Фокус“ Валентина Божиновски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи.

„Ќе испратам демант, погрешно е пренесен мојот говор. Понатаму во мојот говор велам – да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион“, вели Божиновска и објаснува дека цитирала извадоци од повеќе дела ( поезија) од македонскиот поет Анте Поповски – Самуил, Вардар, Македонија, Непокор, сакајќи да го прикаже предавството на Зоран Заев, лидерот на опозицијата кој, според неа, им зарива нож на Македонците.

Еве што изјави Божиновска синоќа пред ДИК:

„Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев … Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме „елате браќа и сестри да се собереме и да тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион…“ – рече Божиновска.

Инаку, „Ноќта на долгите ножеви“ е име на чистката во нацистичка Германија од 30 јуни до 2 јули 1934 година, кога приврзаниците на Адолф Хитлер извршија серија екгзекуции на неистомисленици.

Во операцијата позната и како „Колибри“, најмалку 85 лица беа убиени, а илјадници завршија в затвор со асистенција на единиците на злогласниот СС, Гестапо и на тајната полиција.

Поврзани новости