Божиќна порака на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

by fokus

Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан упати божиќна порака до граѓаните кои го слават претстојниот празник Рождество Христово- Божиќ.

-Еве го денот што го очекуваа старозаветните праведници и денот што го слават новозаветните богољубци- денот на спасението. Денес се исполнија претскажувањата на на пророците, денес се роди Богомладенецот- Спасителот на човечкиот род. Бог се јави во човечко тело, па како вистински човек, па како Богочовек да му помогне на човекот да се обожи и спаси. И токму тоа Чудо над чудата- Доаѓањето на Бог на земјата, донесе радост изобилна радост вечна. Со тој настан се помирија небото и земјата и човекот со Бога. Затоа мирот е постојаната порака на Божиќ: да имаме мир во себе, мир со другите-мир со сите, а со тоа мир- и со Бога!, се наведува во божиќната порака на г.г. Стефан.

Поврзани новости