Боцевски потпиша визна либерализација со Бразил

by fokus

Македонскиот амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски и претставникот на шефот на бразилската дипломатијата, Карлос Алберто Симас Магелиес, денеска потпишаа договор за  безвизен режим. Размената на ноти се случи во палатата Итимарати во Бразилија.

Со овој договор од 27 август заемно ќе се укинат визите за деловни и за туристички патувања. Визната либерализација ќе се однесува за престој до 90 дена во период од 180 денови.

За време на средбата, амбасадорите Боцевски и Магаљаес разговарале и за можностите за проширување на договорната рамка во сферата на билатералната правна соработка помеѓу Македонија и Бразил.

 

Поврзани новости