Боцевски лидер на СДСМ

by lali 11:04
11:04

Поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски од вчера е лидер на СДСМ бидејќи така одлучи мнозинството делегати на конгресот што се одржа во Ранковце. Претходниот претседател Дамјан Манчевски си даде оставка откако социјалдемократите доживеаја вистински дебакл на седмите по ред предвремени и крајно фер парламентарни избори.

Боцевски беше единствениот избор оти само неговата кандидатура ќе ги задоволи вкусовите на ВМРО-ДПМНЕ од каде што, пак, брифираа дека иако Боцевски е непартиско решение сепак СДСМ можеле да покажат малку повеќе одговорност кон државата и да понудат аполитичен кандидат.

- Advertising -

– Можеме да се правиме наудрени колку сакаме, ама Боцевски е сепак политичар – брифираат од ВМРО.

Во комбинација за лидер беше и експертот Сашо Клековски, додека се шпекулираше оти можеби и професорот Јове Кекеновски е во игра, ама поранешниот хармоникаш не сакал да се нафати на орото.

bocevski CMYK

Боцевски вети дека СДСМ во неговиот мандат нема да собира евтини политички поени, односно дека воопшто нема да собира политички поени.

– Евентуално може купони од Веро да собираме зашто имаат убави тефлонски тави – изјави Боцевски и додаде дека му е криво што откако се вратил директно во политиката аналитичарската сцена во Македонија изгубила реален и објективен критичар на опозицијата.

Disklejmer

Поврзани новости