Бошњаковски: Владата не се меша во работата на верските заедници

by fokus

Северна Македонија е секуларна држава и Владата не се меша во работата на верските заедници, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со вчерашните превирања во Исламската верска заедница.

Во врска со обвинувањата на реисот Сулејман Реџепи упатени кон Владата, Бошњаковски истакна дека Владата осудува говор на омраза, како и секогаш досега и додаде дека институциите што се вклучени во одредени проблематики што се случуваат во ИВЗ ќе го дадат и својот збор во дадено време.

Поврзани новости