Бошњаковски: Ќе бидат згрижени уште 1.600 сограѓани кои имаат проблем да се социјализираат по приватизацијата

by fokus

Сакајќи да ја опише тешката финансиска состојба во која живеат стечајците во Македонија, владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека овие граѓани имаат проблем да се социјализираат во општеството.

-Знаете дека оваа категорија наши сограѓани имаа проблем генерално во општеството да се социјализираат после тоа што им се случи во минатото – рече тој.

Како што изјави денеска Бошњаковски, Владата на вчерашната седница го усвоиила новиот предлог закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

-Се работи за категорија на сограѓани, стечајни работници. Во два наврата донесовме законско решение за нивнте децениски проблеми. 6.240 стечајни работници се до сега материјално обезбедени. Со новиот предлог закон се овозможува дополнително да бидат опфатени уште 1.600 невработени лица од оваа категорија наши согрѓани. Конечната бројка на стечајни работници кои ќе бидат згрижени е 7.840 – рече портпаролот.

Поврзани новости