Бошњаковски: Грција нема ништо против нашата химна, ниту цвеќиња не беа поставени за дочекот на Ципрас

by fokus

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, уште еднаш  ги објасни причините зошто за време на вчерашниот пречек на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пред Владата, не била интонирана македонската химна. Тој повтори дека причина е доцнењето на авионот на Ципрас, па химната била прескосканата за да се запази распоредот на активности.

-Поради доцнењето на слетувањето на авионот беа изоставени сите свечени активности при дочекот вклучувајќи ја гардата, цвеќиња поставување и интонирање на химната со цел да се добие на време. Посетата беше работна и во текот на тој еден ден имаше премногу активности – рече портпаролот на Владата.

Националната химна останува, додаде тој, не се разговара ниту се разговарало за измени во текстот или пак во инструменталниот дел.

-Химната во ниту еден момент не била спорна. Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз националната химна. Како за потврда во период по Преспаскиот договор, во повеќе различни прилики националната химна била интонирана пред официјални грчки претставници, како што беше кревањето на знамето на НАТО пред зградата на Влада. Пред неколку дена, на националниот ден на Република Грција на прием организиран од грчка амбасада се инторнираше нашата химна, на спортски натпревари нашата сениорска репрезентација играше во Република Грција и се инонираше нашата национална химна. Ова се примери кои докажуваат дека химната никогаш не била спорна – рече Бошњаковски.

Поврзани новости