Бошковски: Нема да заборавам ни да простам, сега друг ќе има немирен сон!

by fokus

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски во емисијата „Топ Тема” на Телма вели дека 99 отсто од разговорите во „бомбите” за неговото апсење се автентични и порача оти јавноста допрва ќе ја дознае целата вистина.

– Мојата совест е чиста, сега друг ќе има немирен сон. Прогонителите сега се прогонети. Јавноста ќе биде шокирана кога ќе се дознае се за тоа кога бев апсен- рече Бошкоски.

  Тој додаде дека никогаш нема да заборави или прости за, како што вели, тоа што му било наместено во акцијата на МВР кога во 2011 година беше уапсен во Скопје.

Вели дека не е задоволен од тоа што човекот за кој најмногу се залагал да биде на чело на ВМРО-ДПМНЕ е 10 години на власт.

-Во тоа време јас верував во него и мислев дека може Македонија да ја извлече од економската криза. Мислев дека може да посвети повеќе време на економијата, а иделогијата да ни ја остави нам, на старите ВМРО-вци – вели Бошковски. .

Тој смета дека по враќањето од Хаг, Груевски во него видел конкурент на првата фотелја во ВМРО-ДПМНЕ иако, како што рече, немал амбиции за тоа.

На крајот, на прашање дали би можело да се очекува неговата Коалиција со ВМРО-НП и Достоинство по изборите да коалицираат со ДПМНЕ, Бошковски рече: Никогаш нема да коалицираме со структурата на ВМРО-ДПМНЕ која ја доведе Македонија во деветтиот круг на Данте Алигиери.

Поврзани новости