Бошкоски: Тие што ме апсеа ми викаа „Ајде сега викај летај Саша“

by Fokus 14:23
14:23

По паузата судското рочиште за „Тортура“ продолжи со вкрстено испрашување на оштетениот Љубе Бошкоски од страна на адвокатите на обвинетите.

Адвокатот Љупчо Шврговски го праша Бошкоски дали како поранешен министер за внатрешни работи ја има прочитано уредбата за апсење осомничени за кривично дело.

- Advertisements -

Бошкоски, пак, на ова му одговори на Шврговски со контра прашање, дали тој како поранешен државен јавен обвинител ја знаел наредбата за апсење.

Како што сведочеше тој, не само што го легнале туку и го газеле, туку еден од полицајците извадил пиштол му ја свртел главата нечовечки од што со денови имал траги на образот.

– Почнаа да ме пцујат, еден од нив што ме држеше ми рече „ова ти е поздрав од шефот, ај сега лај ѓубре едно“. Некој рече, пцуејќи ја мојата сопруга со зборовите, дека „не ти бега 7-8 години затвор“. Некој од таа група рече ајде сега зборувај да те видиме „Летај Саша“, споменувајќи го името на нивниот шеф Сашо. Јас му реков единствено дека знам дека ме намести твојот шеф Саша. Некој извика да не се споменува името Саша, туку да се споменува името шеф, дигајќи го на ранг на библиска личност, бидејќи во Библијата стои „не го споменувај залудно Бог“ – раскажуваше Бошкоски.

 

Поврзани новости