Борисов за парламентарните избори: Ова е тотален хаос

by Fokus

Според поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов, на денешните предвремени парламентарни избори владее тотален хаос. Според него, гласовите се крадат на избирачките места во странство.

Ова го изјави лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов по гласањето во Банкја. Како што јави дописникот на МИА, на Борисов му беше укажано од член на изборната комисија на галсачќкото место дека не носи заштитна маска. Тој одговори дека нема. Тогаш претставникот на комисијата одговори дека маските се задолжителни во затворен простор. Борисов гласаше потоа со машина.

Тој рече дека гласал за единствената демократска партија затоа што она што Европа го видела во Бугарија се избори во Венецуела и Мадуро и додаде дека владее тотален хаос низ целата земја. Според Борисов, претпоставени специјалисти ги допираат машините и никој не знае што се тие.

Тој побара од секторската комисија во Банкја да пребројат од машините по денот на изборите, бидејќи може да има измами.

Засега, ГЕРБ не размислува за откажување на изборните резултати.

Поврзани новости