Борисов: Во ЕУ се разговара за политичка криза, миграциска криза нема

by fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека Европска унија разговара за политичка, а не миграциска криза.

– Имаме 90 проценти помалку мигранти денес отколку пред две години. Системите, како што е шенгенскиот информатички систем е оперативен, но проблемот е од политичка природа, оцени Борисов.

Тој наведе дека постојат два пристапа во решавање на проблемот со илегалната миграција.

– Денес сите зборуваат за проблемот на Грција и на Италија, но никој не ги спомнува Шпанија и Бугарија… која примени еден пристап, кој покажа резултати. Ние работевме на борба против миграцијата, инвестиравме во технологија, купивме бродови, посочи Борисов.

Тој истакна дека Бугарија од ЕУ добила 150 милиони евра помош за разлика од Грција која добила 560 милиони. Исто така наведе дека границата меѓу Бугарија и Турција е со иста должина како и границата Грција – Турција, но Бугарија нема проблеми со мигрантите.

– Добро е да се запамти дека Бугарија беше речиси под ист притисок како и Грција. Ве повикувам да дојдете да видите како изгледа нашата граница. Има мигранти, но малку, посочи Борисов, додавајќи дека мора да се најде практичен начин за примена на тоа што е договорено на Самитот на ЕУ.

Поврзани новости