Борисов: Ние не сме биле окупатори на никого, ако сакаат да одат напред, јасни се вредностите што треба да ги почитуваат

by fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска истакна дека на средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од него добил уверување дека приклучувањето на Република Северна Македонија во Европската унија и НАТО е приоритет за неговата партија.

– Вчера одржав средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој ме увери дека приклучувањето на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, напиша Борисов на својот Фејсбук профил, кој вчера и денеска во Загреб учествуваше на Конгресот на Европската народна партија.

Борисов нагласи дека за да може една земја непречено да чекори на патот на интеграција во двата сојуза, сите партии треба да се согласни за тоа.

– Антибугарската реторика не само што треба да биде забранета, туку тие треба да се уверени дека тоа не е во ред. Ние не сме биле окупатори на никого. Читањето на историјата е такво какво што историчарите го кажале, а ние како такво со векови сме го прифаќале. Ако сакаат да одат напред, јасни се вредностите што треба да ги почитуваат, вели Борисов.

Поврзани новости