Борисов: Не можам да ги затворам црквите, многу луѓе се очајни

by fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска соопшти дека православните цркви и храмови во Бугарија ќе бидат отворени за време на Цветници и Велигден, и покрај пандемијата. Тој како причина го наведе тоа што многу луѓе биле очајни и со ослабнат дух.

-Тоа е тешка одлука, но подготвен сум да се носам со прозивките. Епископите ми кажаа дека многу луѓе се со ослабнат дух, дека се очајни. Затоа не можам да издадам наредба за затворање на црквите, рече Борисов.

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов, изјави дека полицијата ќе биде околу црквите и ќе внимава на редот и на одржување социјална дистанца.

Поврзани новости