Борисов нареди проверка на бугарските пасоши издадени на странци

by fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов им наложи на Министерството за внатрешни работи и на Државната агенција за национална бебзедност да извршат проверка на бугарските патни документи издадени на странци во последните пет години.

Како што јави БТА, Борисов воедно побарал итна истрага за начините на кои се издавале бугарските пасоши на странци.

Барањето на Борисов следи откако кон крајот на минатиот месец  Јавното обвинителство на Бугарија објави дека открило измами при издавањето на бугарски пасоши на странски државјани, во која била вмешана Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство.

Во рамки на оваа истрага, на 31 октомври беа уапсени директорот на Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство и 19 службеници во оваа институција.

Поврзани новости