Борисов му ја честиташе изборната победа на Заев

by Fokus

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов, денеска оствaриле телефонски разговор за актуелните настани во земјата и регионот.

Борисов му го честитал на премиерот Заев успешното спроведување на локалните избори во Република Македонија и истакнал дека организацијата на изборите создаде услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа на сопствената политичка волја да го реализираат правото на учество на изборите и да го дадат својот глас за политичката опција според нивниот избор.

Република Бугарија, му пренесе премиерот Борисов на Заев, останува и понатаму доследна на поддршката за политиките на новата влада и посака успех за Република Македонија во иницијативите во регионот, и изрази надеж и очекување за скоро членство на Македонија во НАТО и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Поврзани новости