Борисов: Макрон гледа понапред, евроинтеграциите бараат национален консензус

by Фокус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон е во право кога вели дека Македонија и Албанија не се за европскиот пат доколку нема национален консензус од сите политички и општествени фактори.

-Кога Бугарија влезе во ЕУ, имаше апсолутен национален консензус на власта, опозицијата и сите политички партии – и социјалисти и десничари, дека нашиот пат е во ЕУ и НАТО. Односно, која и да е партија на власт во Бугарија, ориентацијата не се менува. Додека за Северна Македонија и Албанија велиме дека ако не е Зоран Заев или Еди Рама, или ако тие паднат од власт, таму ќе се случи нешто. Тогаш тие не се за тој пат и во тој поглед Макрон заслужува аплаузи, затоа што гледа понапред – рече Борисов во интервју за емисијата „Лице в лице“ на Бугарската телевизија.

Воедно, тој потсети дека и претходниот француски претседател Никола Саркози имал сличен став кон Србија додека претседател беше Борис Тадиќ.

-Пред многу години, кога Борис Тадиќ беше претседател на Србија, сите ние многу сакавме Србија да започне преговори со ЕУ. Тогаш Саркози беше претседател на Франција. Саркози се сврте кон мене, и ми рече:„Бојко, ако во една држава нејзината ориентација зависи само од еден човек, тогаш таа држава не е за во ЕУ“. Јас тоа многу добро го запомнив и го цитирав таму – посочи бугарскиот премиер.

Поврзани новости