Борисов: Го поддржуваме започнувањето преговори со Македонија, но интеграцијата мора да биде без анти-бугарска идеологија

by fokus

На денешната владина седница донесовме одлука да го поддржиме започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија и Република Албанија со ЕУ, но ќе инсистираме тие да ги почитуваат добрососедските односи. Ова го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на неговиот фејсбук профил.

-Бугарија е постојана во поддршката за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан со оглед дека процесот на присоединување е клучен двигател за реформи и стабилност во регионот. Бугарија ја поздравува и поддржува препораката на ЕК за започнување на претпристапните преговори како со Република Северна Македонија, така и со Албанија. Во исто време, Бугарија не треба да дозволи интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ да биде придружена со европско легитимирање на анти-бугарска идеологија спонзорирана од државата, напиша на фб премиерот Борисов.

Поврзани новости