Борисов: Гасниот автопат со Грција треба да биде готов до крајот на 2021 година

by fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ја посети трасата на која се гради гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција.

Бугарскиот премиер проектот го опиша како „гасниот автопат со Грција“ и најави дека со грчките партнери е постигнат договор интерконекторот да биде ставен во функција годинава.

Борисов изрази надеж дека со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во март ќе извршат заедничка инспекција на локацијата во најтешкиот нејзин дел. Тој, исто така, најави дека ќе се обезбеди техничка можност за гасификација на Карџали.

Бугарскиот премиер на трасата од гасоводот беше придружуван од претседателката на бугарскиот Парламент, Цвета Карајанчева, и министрите за економија Лачезар Борисови за енергетика Теменужка Петкова.

-Пандемијата малку го забави проектот. Знаете дека нашите пријатели во Грција се во целосна блокада. За тоа време Бугарија градеше, рече премиерот Борисов.

Тој објасни дека овој проект е од големо стратешко значење за целиот балкански регион, како и за бугарското складирање на гас во Кирен.

– Ова е стопроцентна диверзификација, и Грците и Бугарите ќе имаат корист, но и целиот регион, рече премиерот Борисов, нагласувајќи дека ова е и европски приоритетен проект.

Бугарија досега даде повеќе од половината од 250 милиони евра за проширување на Кирен.

– За првпат даваме можност гаста да се префла од југ кон север и нашите пријатели од Србија исто така се диверзифицираат, додаде тој.

Бугарија ќе побара од Европската инвестициска банка да ги забрза исплатите. Бугарскиот премиер беше категоричен дека интерконекторот треба да се заврши што е можно побрзо.

Гасоводот ќе се поврзе со грчкиот национален систем за пренос на гас и Транс-јадранскиот гасовод ТАП во областа на градот Комотини (Грција) и со бугарскиот национален систем за пренос на гас во областа на градот Стара Загора. Техничкиот капацитет е од три до пет милијарди кубни метри гас годишно. Вкупната вредност на проектот изнесува 220 милиони евра.

Поврзани новости