Борис Џонсон ќе си поднесе оставка

by fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон се согласил да поднесе оставка, јавува Би-Би-Си и денеска се очекува тој да даде јавна изјава.

Не е јасно дали оставката ќе стапи во сила веднаш или ќе дојде подоцна. Вчера Џонсон изјави дека одбива да размислува за повлекување. Овој потег следи по напливот од оставки на функционери на Кабинетот, многумина кои го критикуваа Џонсон за серија скандали, вклучително и оној со пратеник од Конзервативната партија, кој се откажа од функцијата поради обвинувањата дека ги допирал мажите во клубот на приватен член.

Џонсон беше принуден да се извини откако се покажа дека тој знаел дека пратеникот бил предмет на претходни жалби за сексуално недолично однесување пред Џонсон да го назначи.

Поврзани новости