Борел: Со сегашното темпо, светот нема да се вакцинира пред 2023 година

by Fokus 09:14
09:14

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел оцени дека глобалното темпо на вакцинација против Ковид-19 е „премногу бавно за ефикасно справување со глобалната пандемија“.

Тој предупреди дека „со сегашното темпо, целиот свет нема да се вакцинира пред 2023 година“.

- Advertisements -

Зборувајќи пред колегите на самитот Г7, тој посочи за ризикот од нови варијанти што ја поткопуваат ефикасноста на достапните вакцини и можноста коронавирусот „да стане хроничен со ослабување на економското закрепнување“.

Борел обрна внимание и на други дискусии, вклучително и на целокупната цел на групата „да се изгради глобална мултилатерална рамка по Ковид-19, заснована на демократски вредности и основни права“.

Тој додаде дека Г-7 не сака „свет трајно поделен на ривалски блокови“.

-Потребна е глобална заедница за решавање на глобалните проблеми, како што е пандемијата Ковид-19 (и други потенцијални идни пандемии), климатски промени, губење на биолошката разновидност или нуклеарно ширење.

Поврзани новости