Борел: Нема договор меѓу Србија и Косово, но ова не е крај на приказната

by Fokus 21:00
21:00

Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел изјави дека делегациите на Белград и Приштина денеска не постигнале договор во дијалогот во Брисел, но оти е договорено разговорите да продолжат наредните денови.

Тој истакна дека до 1 септември за кога беше одложена одлуката на Приштина за пререгистрација на возилата и личните документи, има уште време, нагласувајќи дека нема да се откаже од потрагата по решение.

„Не постигнавме договор, но тука не е крајот на приказната. Двајцата лидери се согласија дека процесот треба да продолжи следните денови“, рече Борел на прес-конференцијата по денешните разговори во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, на кој учествуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Поврзани новости