Борче Петревски и Горан Николовски во трка за директор на УБК, Лазо Велковски на БЈБ

by fokus 23:03
23:03

На денешната владина седница, иако се очекуваше, сепак не се избраа новите кадровски решенија кои ќе раководaт со најважните сектори во МВР. Сепак, како што дознава „Фокус“, изборот веќе е стеснет, па многу е веројатно одлуката да падне уште утре.

Од добро упатени извори „Фокус“ дознава дека главен кандидат за директорското место во Бирото за јавна безбедност (БЈБ) е Лазо Велковски.

- Advertisements -

Велковски со доаѓањето на Оливер Спасовски на министерската функција беше поставен за началник на СВР Скопје, а речиси целиот работен век го минува во МВР. Тој завршил Факултет за безбедност, а од март 1990 година е вработен во МВР, каде што најпрво работел во униформираниот, а потоа во цивилниот дел на полицијата. Бил и шеф на Градската управа за внатрешни работи Скопје-ГУВР

Во 2004 година Велковски беше поставен за директор на БЈБ во времето на премиерот Хари Костов.

За тоа пак кој ќе биде на чело на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во игра сеуште се двајца кандидати и тоа Борче Петревски и Горан Николовски. Петревски со доаѓањето на Спасовски за технички министер беше назначен за советник во УБК, а зад себе има долга кариера во МВР, а Николовски во моментот е началник на оддел во УБК.

Началник на Одделението за организиран криминал пак се очекува да биде Кире Митиќ. Тој на оваа функција се испроба неодамна за време на мандатот на Спасовски како технички министер. За прв човек на СВР Скопје изборот се стеснил на Драган Симоновски.

Валентина Вурмо

Поврзани новости